Ворен Бафет користи мобилен телефон од 20 долари

17

Еден од најбогатите луѓе во светот, американскиот инвеститор Ворен Бафет, употребува мобилен телефон на склопување којшто чини само 20 долари.

И покрај тоа што неговата компанија Berkshire Hathaway поседува 5,5% од акциите во Apple, милијардерот не користи iPhone, пишува CNBC.

Бафет моментално се служи во Samsung SCH-U320, којшто може да се најде по цена од 20 до 30 долари на Ebay. Иако Apple е најголемата инвестиција на Berkshire, нејзиниот основач, како што самиот вели, не знае добро да ракува со iPhone.

Сепак, тој користи iPad да ги разгледа цените на акциите и да истражува што има ново на пазарот.

Фото: Facebook