Возачите на Uber ширум светот веќе се над 5 милиони

76

По недостигот на возачи на автомобили за компанијата за споделување на возење Uber за време на пандемијата, бројот на вработени зад воланот почнува да се зголемува.

Компанијата сега има рекорд од над 5 милиони возачи, што претставува зголемување од 31% на годишно ниво.

Зголемувањето доаѓа и покрај рекордно високите цени на горивото во последниве месеци, бидејќи многу Американци се принудени да бараат втора работа и алтернативни извори на приход во услови на висока инфлација.

Според извршниот директор на Uber, Дара Косрошахи, компанијата забележа прилив на нови вработувања во последните месеци, а многумина ја наведуваат инфлацијата како главна причина за приклучување.

„Имаме многу силен прилив на нови возачи кои доаѓаат да заработат пари“, рече Косровшахи. „Над 70 отсто од нив велат дека инфлацијата и она, што сега го гледаат во однос на цените на храната и трошоците за живот, е дел од нивната одлука да се приклучат на платформата“.

Зголемувањето е во целосна спротивност со 2021 година, кога компанијата се бореше да ги задржи возачите на работа, иако високите стапки на вакцинација и релаксираните мерки за социјално дистанцирање доведоа до поголема побарувачка за јавен превоз и споделување на патувања.

Проблемите на Uber се зголемија откако многу возачи се откажаа во 2021 година, наведувајќи ги ниските плати, лошите работни услови и здравствените проблеми поврзани со пандемијата. Во некои области, недостигот на возачи доведе до зголемување на цените за повеќе од 40%, како и подолго чекање за клиентите.