Воздушно перниче, нов изум за заштита на мобилните телефони при пад

54

broken-iphoneДали сте еден од оние корисници на кои им паднал мобилниот телефон и притоа се скршил? Доколку ви се случило тоа, тогаш знаете колку фрустрирачки може да биде, а згора на тоа и колку скапо може да ве чини неговата поправка.

Но и на тоа му дојде крај. Имено, во Амазон дизајнираа минијатурни воздушни перничиња, кои се активираат со помош на сензор во случај мобилниот телефон да падне.

Сензорите ќе бидат вградени во мобилните телефони, а многу од нив ќе се вградат и во камери, таблети и електронски читачи. Воздушното перниче ќе ги добива информациите со помош на жироскоп, камери, акцелометар и други сензори.

Иако се уште не се знае кога овој заштитен систем ќе стане достапен на пазарот, едно е сигурно – воздушното перниче ќе биде многу барано.