Возење со хибридна е – кочија во Словенија

397

Туристите во Словенија добија прилика да се повозат со првата хибридна електронска кочија. Во кочијата е вграден електромоторен погон со електричен резервоар за складирање, коишто им помагаат на коњите во влечењето.

Луѓето од старото градско јадро во словенечкиот град Мурска Собота присуствувале на пробно возење со хибридна кочија, прва од трите што ги развиваат Словенија и Австрија во рамки на заедничкиот проект Interreg.

Станува збор за проект за прекугранична соработка во областа на одржливиот туризам, а ќе бидат развиени три кочии со различен изглед, облик и број на патници што може да ги превезе. Првата може да превезе 12 лица, а овозможува пристап и за лица со инвалидска количка. Кочијата со конзола на екранот го следи и регулира оптоварувањето меѓу коњите и електромоторниот погон.

Вредноста на проектот е 1,17 милиони евра.

Фото: Pexels