Возењето електричен автомобил носи заштеда од 190 евра месечно

85

Последните податоци од Велика Британија покажуваат дека префрлањето на електричен автомобил носи големи заштеди во потрошувачката на гориво (електрична енергија) и сервисирањето.

Според информациите објавени од одделот за финансии на Volkswagen во Велика Британија, годишните трошоци за одржување и работа на електричниот автомобил се за 70% пониски од возило со слични димензии што се напојува со бензин или дизел.

Како пример, земете возач кој вози 15.000 милји (24.140 километри) годишно, а во автомобил на бензин, неговите годишни трошоци (гориво, одржување, данок) изнесуваат 2.655 фунти (3.147 евра), додека тој износ за електричен автомобил е само 722 фунти (856 евра). Тоа значи дека годишната заштеда е 2.291 евро или 190 евра месечно.

Заштедите се нешто помали во споредба со дизелот, чии годишни трошоци за одржување се 2.358 фунти (2.795 евра), но повторно возачот на електричен автомобил троши 1.636 фунти помалку (1.939 евра), или 161 евро месечно.

Ова истражување покажа дека помалите трошоци за работа и одржување се една од главните доблести на електричните автомобили, а 72% од испитаниците рекле дека би се префрлиле на електрични возила доколку не се толку скапи.