Враќање на „синиот екран на смртта“ на Windows 11

77

Од Редмонд, добри вести за традиционалистите – Windows 11 ќе се врати на саканиот „син екран на смртта“ (BSOD) со ново ажурирање означено со број 22000.346, кое во моментов се дистрибуира до корисниците на Beta and Release Preview Insider програмата.

Ако не знаете затоа што не сте имале можност да го видите лично, што е сосема веројатно затоа што традицијата на екранот на смртта на Windows е многу поретка денес отколку пред 15 или 20 години, поради некоја причина екранот на смртта во Windows 11 беше црн.

Не знаеме дали корисниците се пожалиле на тоа или неколкуте среќници кои успеале да го видат не знаеле навистина за што се работи поради оваа промена, но сега работите се враќаат на старо и природно. Екранот на смртта е повторно син како сино море.

Патем, Microsoft проценува дека и покрај бесплатната надградба за корисниците на Windows 10, моментално само околу 5% од корисниците користат Windows 11, што секако помалку се должи на црнилото на екранот на смртта и многу повеќе поради специфичните хардверски барања, и тоа во годината кога има голем недостиг на чипови.