Вредноста на еврото падна

78

Еврото денеска падна на најниско ниво во однос на доларот поради неизвесноста околу европската економија и затворањето на гасоводот Северен тек 1 од страна на руски Газпром.

Европската валута падна за 0,70 отсто така што утрово во 7:35 часот по средноевропско време едно евро вредеше 0,9884 долари.

Ова е најниското ниво на еврото во однос на доларот од декември 2002 година.