VW денеска одлучува за лансирање на акциии на Porsche

59

Раководството на Volkswagen AG денеска ќе разговара за планираната иницијална јавна понуда на Porsche, соопшти компанијата.

Компанијата спроведе физибилити студија за иницијална јавна понуда, а нејзиниот менаџмент и надзорен одбор на состаноците ќе разговараат дали да продолжи со ИПО „на крајот на септември/почетокот на октомври 2022 година“, се вели во соопштението.

Управните тела ќе одлучат и дали да одобрат продажба на 25 отсто од акциите и дел од обичните акции на Порше Аутомобил Холдинг, главниот инвестициски сопственик на милијардерското семејство Порше и Пич.