WalkCar – најмалиот транспортер во светот

52

1375458003488620581Јапонски инженер заедно со неговиот тим од Cocoa Motors дизајнираше преносен транспортер доволно мал да се носи во ранец.

WalkCar потсетува на скејтборд и е направен од алуминиум, а тежи помеѓу два и три килограми во зависност од тоа дали се работи за внатрешен или надворешен модел.

Оваа направа е многу посилна отколку што изгледа и може да издржи тежина до 120 килограми. Достигнува брзина од 10 километри на час, а може да помине 12 километри со три часовно полнење на батериите.

Според 26-годишниот дизајнер Кунјако Саито, WalkCar е многу лесен за користење и почнува да се движи штом ќе застанете на него, а престанува кога ќе се симнете.
5434200_japanese-designers-create-mini-transporter_9f3edde_mЗа да се смени насока доволно е корисникот да ја пренасочи својата тежина на транспортерот.

Најдобро од сè е што нема потреба да се грижите дали ќе најдете паркинг. WalkCar можете да го понесете со себе во вашиот ранец или торба.

Футуристичкиот скејтборд ќе чини околу 800 долари, а нарачките ќе почнат да се испорачуваат од следната пролет.