Walkman-от се враќа, овој пат водоотпорен

45

photo_(8)_610x458Производителите на музичките уреди конечно ги земаа во предвид пливачите. Така светски познатата компанија за електроснки уреди Sony дизајнираше нов Walkman кој одлично функционира под вода.

Walkman NZW-W270, или Walkman Sports MP3 player, е всушност музички плеер кој се наоѓа во слушалката. Цената на овој уред е 99.99 долари.

Новиот модел и следбеник на W-серијата е многу полесен, со поживи бои и целосно водоотпорен, слободно може да нурнете во вода и да слушате музика на него.

NWZ-270 моделот има меморија од 4 GB. Тој е исклучиво MP3 плеер и е дизајниран најмногу за спортисти кои не сакаат да им пречат жици додека тренираат или случајно да фатат некој Bluetooth сигнал.

Батеријата на овој плеер трае до 8 часа и од компанијата велат дека многу брзо се полни, со само 3 минути полнење ќе добиете цел час ефикасно работење на Walkman-от. Овој најнов производ на Sony ќе биде достапен од март во 4 различни бои, сина, розева, бела и црна.