Walmart користи вештачка интелигенција за да спречи кражба

21

Американскиот продажен ланец Walmart користи комјутерска визија за да следи што се случува во продавниците и да спречи потенцијална кражба. Оваа технологија со вештачка интелигенција е присутна во повеќе од 1.000 продавници, пишува Business Insider.

Системот којшто компанијата го нарекува Missed Scan Detection, користи камера со цел да ги идентификува грешките при процесот на скенирање, а технологијата е дело на ирската компанија Everseen.

Камерите ги анализираат активностите на каса со касиер и онаму каде што купувачите сами пријавуваат што купиле. Штом вештачката интелигенција ќе детектира некој проблем, како на пример нескениран производ, испраќа предупредување до вработените за тие да можат да интервенираат.

Без разлика дали станува збор за кражба или случајна грешка системот многу помага во решавањето на овој вид на проблеми, велат од компанијата. Според Walmart, загубата на производите, од кражба или грешка е значително намалена откако го користат Missed Scan Detection.

Фото: Pexels