WAZ во Германија отпушта 120 новинари

34

germanski-vesnici

Фото: Pixabay

Медиумската група WAZ (Westdeutsche Allgemeine Zeitung) најави затворање на сите локални редакции на регионалниот дневен весник Westfälische Rundschau (WR) и отпуштање на 120 новинари и уредници. Содржините за весникот во иднина ќе ги работи централната редакција на WAZ.

Со тоа продолжува трендот на масовни отпуштања во германските медиуми кои започнаа пред неколку недели со гасење на дневнкот весник Financial Times Deutschland и кризата во Frankfurter Rundschau.

“WR веќе со години прави милионски загуби”, изјави директорот на WAZ, Манфред Браун.

WAZ е трета по големина издавачка куќа во Германија и еден од најголемите издавачи на локални дневни весници во Европа.