Wena – паметно ремче за часовник од Sony 

143

Јапонската компанија Sony го претстави своето паметно ремче за часовници, Wena, коешто доаѓа со повеќе функции и може да се комбинира со различни рачни часовници.

Ремчето има вградено фитнес следач, опција за бесконтактни плаќања и прикажување на телефонски нотификации.

Целата паметна технологија се наоѓа во самото ремче и малиот екран којшто ги прикажува известувањата, пишува Hypebeast.

Wena инаку е кратенка од “wear electronics naturally” (природно носење на електрониката), а доаѓа во две варијанти, класичен метален стил или силиконска опција погодна за фитнес.

Активниот фитнес модел, исто така, доаѓа со GPS и мерач за срцеви отчукувања.

Фото: Sony