Апликацијата WhatsApp е една од најпопуларните во светот во својот сегмент, а сега подготвува нешто што ќе ги воодушеви корисниците.
Поради европската регулатива, WhatsApp наскоро би можел да им дозволи на корисниците да кореспондираат во самата апликација со некој што користи друга, конкурентна платформа. Во пракса, тоа значи дека ако имате WhatsApp, а некој друг има Viber, Telegram, Messenger и слично, ќе можете да се допишувате без никаков проблем.
За ова пишуваше и специјализираниот сајт Wired, кој целиот потфат го нарече „незамислив“, но забележаа и дека сè уште не е познато што во пракса подготвува компанијата Мета, односно со кои апликации WhatsApp би можел да биде компатибилен.