Wi-Vi, нова технологија за следење на луѓето преку ѕидови

52

wi-viНаучниците од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) развија нова технологија со помош на која може да се следи движењето на луѓето зад ѕидовите. Технологијата се вика Wi-Vi, комбинација од Wi-Fi и “vision”, а научниците велат дека наскоро ќе им биде достапна на сите и тоа како апликација за мобилни телефони од следните генерации.

Професорката на МИТ Дина Катаби и студентот Фадел Адиб ја демонстрираа оваа технологија и објаснија како функционира. Накратко, Wi-Fi испраќа сигнали што се одбиваат од се што постои во некоја просторија, што и претходно беше можно, но проблемот досега беше следењето на движењето на луѓето, затоа што сигналите што ги праќа човечкото тело се 10.000 до 100.000 пати послаби од сигналите што се одбиваат од неподвижните предмети. Она во што научниците од МИТ ја надминаа конкуренцијата и овозможија да се следат движењата на луѓето зад ѕидовите и без рутер во собата, е начинот да се неутрализира сигналот што се одбива од неподвижните предмети, т.е. да се засили сигналот што се одбива од човечкото тело.

Wi-Vi праќа два безжични сигнали, од кои едниот е инверзен на другиот. Двата сигнали се поништуваат еден со друг, се додека не “погодат” подвижна цел, како на пример човек.

Уредот што го направија експертите од МИТ користи ист тип на антена што се наоѓа во мобилните телефони. Овој уред, како што тврди Катаби, може без проблеми еден ден да се вгради во телефоните.