Winamp се гаси по 15 години

24

winampЕден од најстарите музички програми, Winamp, ќе биде згаснат кон крајот на оваа година.

Софтверот со кој пораснаа многу генерации на корисници на компјутери, официјално ќе биде испратен во историјата на 20 декември, објави компанијата AOL, неговиот сопственик.

Winamp се гаси заедно со сите придружни сервиси, а на тој потег сопствениците најверојатно се решиле затоа што не можат да се натпреваруваат со iTunes и сличните сервиси.

Во соопштението стои: Winamp.com и придружните сервиси нема да бидат достапни по 20 декември 2013 година. Winamp плеерите нема да бидат достапни за симнување… Ви благодариме што ја поддржувавте Winamp заедницата преку 15 години.