Windows 11 со големо ажурирање во септември

12

Microsoft подготвува големо ажурирање на оперативниот систем Windows 11. Верзијата 22H2 на PC платформата ќе стане достапна за корисниците на компатибилни компјутери на 20 септември.

Тестовите за Windows 11 22H2 се извршуваат веќе неколку месеци. Се очекува поддршка за папки во Start менито, можност за влечење и пуштање елементи во лентата со задачи и нови гестови за уредите со екран на допир, објави The Verge.

Microsoft, исто така, ја интегрираше функцијата Live Caption во Windows 11 за да создава преводи во реално време, што може да биде многу корисно за лицата со оштетен слух. Дополнително, функцијата за гласовен пристап ќе овозможи контрола на компјутерот преку гласовни команди.

Windows 11 (22H2) вклучува и редизајниран Task Manager во стилот на Fluent Design и поддршка за темна тема. Исто така, познато е дека Microsoft тестира нов интерфејс на File Explorer со јазичиња, но оваа промена се очекува во едно од следните ажурирања на системот.