Windows 8 достапен на македонски јазик

33

Компанијата Microsoft го презентираше Windows 8 за своите клиенти во целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија. Широк спектар на опции за хардвер, нови понуди и апликации се само дел од можностите што ги нуди Windows 8.

Оперативниот систем ќе биде достапен на повеќе од 140 пазари и адаптиран на 37 јазици, меѓу кои и на македонски. Исто така ќе има нов кориснички интерфејс, широк спектар апликации од оперативниот систем, достапен на повеќе од 1.000 Windows 8 сертифицирани модели компјутери и таблети.

Преку Windows 8, Microsoft го отвора прозорецот кон светот и обезбедува можности кои одговараат на секој личен стил и потреби.

Новиот оперативен систем ќе биде достапен во две верзии во продажбата на мало, Windows 8 и Windows 8 PRO. Деловни корисници ќе можат да го користат Windows 8 Enterprise, кој нуди нови можности во мобилното работење, како и подобрена end-to-end безбедност на функции.

Претставен е и новиот член на семејството Windows, кој е дизајниран за АРМ-базирани таблети. Новиот брз и лесен почетен екран им овозможува на корисниците one click пристап до апликациите и до содржината, со сосема нов Internet Explorer 10 и вграден SkyDrive.