Word самостојно ќе креира to – do листа за корисникот

18

Фото: Microsoft

Microsoft внесува новина во Word документите и креирање на to – do листи, пишува Engadget. Компанијата тестира нова алатка којашто автоматски ќе детектира забелешки и пораки што корисникот си ги запишува како потсетник за одредени задачи или обврски.

На пример, доколку се напише нешто од типот на to – do или <insert something here> во Word документот опцијата Editor ќе го препознае текстот и ќе креира листа базирана на истото. Освен тоа, ќе состави и листа со препораки врз основа на останатите документите направени неодамна. Ако корисникот напише <insert graph here>, системот на страничната лента, ќе прикаже табели во коишто неодамна работел со цел да ја одбере најсоодветната.

Доколку сте работеле на заеднички Word документ со други луѓе ќе можете да ги означите со @-име и презиме и да им кажете која задача треба да ја извршат. Спомнатата личност ќе добие мејл со нотификацијата и ќе може директно да пристапи на задачата.

Откако ќе се направат сите тестирања, алатката ќе биде достапна за сите постоечки корисници на Office 365.