Кинеската технолошка компанија Xiaomi го промовираше својот нов Mi Electric Scooter. Една од карактеристиките на Mi Electric Scooter е тоа што е лесно склоплив. Потребно е само да се притисне копче и во рок од три секунди скутерот сам ќе се склопи. Неговата максимална брзина изнесува 25 километри на час, а тежи 12,5 килограми и може да го користи личност со тежина до 75 килограми. Напред има LED светла со домет на осветлување од шест метри и црвено светло за предупредување.
Уредот е опремен со LG литиум – јонска батерија со капацитет од 280 Wh и може да обезбеди моќност од 500 вати. Уште една значајна карактеристика на Mi Electric Scooter е вградената технологија Kinetic Energy Recovery System што ја претвора настанатата кинетичка енергија во електрична и го продолжува возењето.
Скутерот има двоен систем на сопирање. Задното тркало има механички диск сопирачки, а предното тркало има E-ABS систем против блокирање.
Mi Electric Scooter може да се поврзе преку Bluetooth на мобилен телефон и да користи апликација што ќе ја следи брзината и состојбата на вградената батерија, пишува Financial Express.
Овој електричен скутер ќе биде достапен во Кина од 15 декември, по цена од 270 евра.