Yahoo го купи Snip.it

35

snip.it-yahooYahoo и официјално ја потврди аквизицијата на Snip.it, социјална платформа која им овозможува на корисниците да собираат и споделуваат веб содржини, како фотографии, видео содржини и текстови.

“Тимот на Snip.it создаде иновативна технологија која им овозможува на луѓето да споделуваат содржини на забавен начин. Возбудени сме што можеме да им посакаме добредојде во Yahoo, каде што ќе ни помогнат да изградиме искуства, да ги зближиме луѓето што делат заеднички интереси. Читањето и споделувањето содржини е основна дневна навика за многу луѓе во светот и се радуваме што можеме да соработуваме со тимот на Snip.it, да направиме да им биде уште позабавно на нашите корисници”, изјави Мајк Кернс од Yahoo.

Иако финансиските детали на аквизицијата не се објавени, се проценува дека Yahoo за оваа социјална платформа платил околу 10 милиони долари. Аквизицијата е потврдена и на официјалниот блог на компанијата Snip.it.