Yahoo го менува логото

18

yahoo-new-logoИнтернет гигантот Yahoo, кој во моментов поминува низ голема трансформација со купувањето на помали компании и менување на насоката на работењето, од следниот месец ќе добие и ново лого кое ќе биде во согласност со тие промени.

Од компанијата соопштуваат дека следните 30 дена планираат да забават со процесот и да го менуваат логото секој ден, покажувајќи ја трансформацијата чекор по чекор. Сето ова ќе кулминира на 4 септември со претставување на новото заштитно лого.

Првата верзија на новото лого беше претставена вчера, повторно со истата боја, но со сменет фонт. Од  Yahoo велат дека новиот знак ќе биде помодерен и поедноставен.