Yahoo го именува Енрике Де Кастро за нов главен оперативец, што е второ големо преземање од конкурентската компанија Google. Неодамна извршна директорка во Yahoo стана Мариса Мајер, која исто така дојде од Google.
Де Кастро ќе биде задолжен за продажба, деловни операции, медиуми и развој. Со ова Yahoo се обидува да се врати во трката, откако се најде во позиција зад своите конкуренти.
Yahoo беше еден од пионерите на интернетското пребарување и електронската пошта, но не успеа да се справи добро на пазарот на пребарувачи со конкуренти како што е Google.