YouTube под истрага поради штетно влијание врз децата

52

Најголемата платформа за споделување на видеа YouTube е под федерална истрага поради тоа што “недозволено собира податоци од малолетни деца“, што се коси со федералните закони за приватност, пишува Forbes.

Според обвинението YouTube го крши Законот за заштита на приватноста на децата (COPPA) којшто им забранува на веб страните да следат и собираат податоци од деца помали од 13 години, освен ако има дозвола од родител.

Како одговор на обвиненијата и критиките YouTube размислува да ги премести сите содржини поврзани со деца во посебна апликација YouTube Kids. Претходно компанијата исто така презеде одредени чекори во врска со овој проблем, оневозможи коментари на видеа каде има малолетници, им забрани на оние под 18 години да емитуваат видеа во живо без присуство на возрасен во него и слично.

Еден од проблемите на YouTube е тоа што не “прашува за возраста“ кога некој ја користи платформата. Исто така многу од корисниците лажат за својата возраст кога креираат профил на каналот.

Фото: Pexels