TikTok можеби е најсимнуваната и најкористената апликација кога станува збор за гледање кратки видеа, но YouTube Shorts надмина над пет трилиони прегледи на платформата, иако ја виде светлината на денот пред само една и пол година.
„Повеќе луѓе создаваат содржина на YouTube од кога било досега. Гледаме моментум на целата платформа, вклучувајќи ги и „шортевите“. Сега достигнавме пет трилиони прегледи“, изјави извршната директорка на YouTube, Сузан Војчицки на нејзиниот официјален блог.
Покрај тоа, Војчицки откри дека фондот на YouTube од 100 милиони долари за креаторите на Shorts сега е достапен во повеќе од 100 земји.
Да потсетиме, минатата година компанијата одлучи да им плаќа на креаторите од 100 до 10.000 долари месечно врз основа на гледаноста и ангажираноста, се со цел да ги натера луѓето да се префрлат од TikTok и Instagram Reels.