YouTube воведува претплата – премиум услуга за видеа без реклами

25

YouTubeYouTube, дивизијата на Google, подготвува услуга слушање музика на претплата, со што би им конкурирал на интернет страните како Spotify. Корисниците ќе имаат бесплатен пристап до каталогот на музика и видеа, но ќе имаат можност за плаќање на “премиум” услуга, односно за 10 долари месечно да гледаат видеа без реклами. Една од услугите ќе биде и корисниците да можат да симнуваат музика што ќе ја слушаат без приклучување на интернет. Услугата би можела да стартува следната година.

Воведувањето на наплата на услугите ќе му овозможи на YouTube да се дистанцира од бесплатно нудење музички спотови на својата страница, што често претставува проблем со кршење на авторски права, иако на носителите на тие права им е овозможено блокирање на содржините или поставување реклами преку видеото, што им носи дополнителни приходи.