Новиот принцип на работа го воведе Хрватската железница, а многу брзо ќе го воведе и Кроација ерлајнс.
Во државната компанија ХЖ Инфраструктура воведени се нови правила за менаџерите. Тие потпишаа договор, заедно со одлука со критериуми за стимулирање, наградување и санкционирање. Во зависност од резултатите во работењето, директорите на ХЖ Инфраструктура можат автоматски да добијат отказ и бонус од 80% од годишната бруто плата. Така сумата што може да ја добие менаџерот како бонус изнесува 400.000 куни (53.000 евра).