Нова Љубљанска банка (НЛБ) продолжува со намалување на обемот на работење што ѝ го вети на Европската комисија по доделувањето на државна помош во 2013 година.
По продажбата на делот со лоши кредити, ја стави на продажба НЛБ Лизинг (NLB Leasing), а во компанијата KF Finance, којашто беше овластена од банката да собира понуди, и покрај стигнатите 16 понуди, не добиле ниту една што би била прифатлива, пишува љубљански Дневник.
Продажбата на НЛБ Лизинг, банката ја објави во април.