За подобра меморија: Oрганизирајте ги податоците

23

papki

Фото: Pexels

За да може мозокот добро да нè служи и за да функционира како што треба, потребно е вежбање. Како да го постигнеме тоа? Со што поголемо “конзумирање” на информации од различен вид.

Покрај тоа што треба да ја одржуваме физичката кондиција, така и на мозокот му годи добро вежбање, а тоа значи организирање на податоци во групи со цел полесно да ги запомниме.

На пример, ако треба да купиме повеќе различни намирници, многу ќе си олесниме доколку ги ставиме сличните производи во групи. Многу добра техника е и повторувањето. Иако понекогаш изгледа досадно и непотребно, тоа е многу корисна вежба за мозокот и помнењето.

Вклучете што повеќе сетила

Ако вклучите одеднаш што повеќе сетила, информациите што ќе дојдат до вас ќе ги запомните многу подобро.

Сите сме различни и затоа не можеме да помниме ниту да учиме на ист начин. Добра техника за помнење е ако на информацијата и додадеме некоја карактеристика преку која многу полесно ќе ја меморираме.

На пример, доколку треба да научите некој говор напамет, пробајте да го визуелизирате. Дајте му боја, форма или било што со цел да си го олесните помнењето.

Концентрација

За да можеме трајно да запомниме одредена информација, не смееме да дозволиме ништо да ни пречи во процесот. Тоа ќе го постигнеме со концентрација, која ќе ни помогне во клучниот момент да не мислиме на ништо друго освен на информацијата што треба да се запомни.

Не памтете тоа што не треба

Пробајте да се организирате кога се во прашање секојдневните ситници. Не се оптеретувајте со непотребни информации. Дневниот распоред и состаноците запишувајте ги во вашиот планер, телефонските броеви и адреси во адресарот, мобилниот телефон или онаму каде ви најмногу одговара. Тоа можеби не е директно поврзано со помнењето, но така во мозокот ќе се “ослободи место” за важните информации кои треба да се запомнат.