За сите работохолици…

21

vorkoholik

Фото: Pixabay

Направете кратка пауза, прочитајте ги овие неколку корисни совети и применете нешто од нив во секојдневниот живот.

Не го занемарувајте спиењето

Здравиот сон е есенцијален за правилно функционирање на организмот. Според неуролозите, на нашето тело му е потребно континуирано спиење од 7 часа во текот на ноќта.

Слушајте го своето тело

Кога ќе научите да го слушате своето тело, интуицијата ќе ви каже кога е најдобро време за одмор, вежбање и ред други активности.

Земајте витамини

Витамините му се секогаш потребни на нашето тело, а во бркотницата на денот често забораваме да ги конзумираме потребните намирници. Затоа нутриционистите советуваат превентивно да се конзумираат витамини.

Пронајдете време да бидете сами

Ресетирајте го вашиот мозок одвреме навреме, ослободете се од многубројните информации што ги примате во текот на денот, со тоа што ќе одвоите малку време да бидете сами.

Вежбајте

Вежбањето е повеќе од потребно, особено ако работата ви е со седење. Доколку имате време и можност, обидете се вежбањето да го практикувате секој ден. Во спротивно правете кратки паузи во канцеларијата, почесто станувајте и раздвижувајте се низ просторот.

Поминувајте време во природа

Наместо пред телевизор, кога не сте на работа, искористете го слободното време за прошетка во природа. Свежиот воздух може само да му годи на вашето тело и ум. Шетањето во природа ја подобрува концентрацијата и го подигнува хормонот на среќа.

Читајте книги

Сите работохоличари се секојдневно под стрес, а докажано е дека читањето книги е еден од начините да се ослободите од него. Затоа одберете добра книга, удобно наместете се во фотелја и уживајте.

Медитирајте

Најдобриот начин за намалување на хроничниот стрес е медитацијата. За време на медитацијата длабоко дишете, користите повеќе кислород и со тоа го подобрувате здравјето.