Забраната за производство на бензинци и дизелаши е подарок за кинеската автомобилска индустрија!

88

Од 2035 година, автомобилите на бензин и дизел, па дури и хибриди, односно plug-in хибриди, повеќе нема да се продаваат во Европската унија. Многумина го поздравуваат, а има и многу кои го сметаат за промашен потег, кој може да и наштети на европската индустрија. Италија, на пример, го засили својот протест, а министерот за транспорт Матео Салвини го нарече преминот кон електрични возила самоубиство и подарок за кинеската автомобилска индустрија.

Јасно е зошто размислува така. Кинеската автомобилска индустрија огромен дел од своите капацитети префрли на производство на електрични возила, кои се поконкурентни од европските, односно до 10.000 евра поевтини, ако се споредат моделите во исти класи. Дури и големите европски производители се борат да продаваат електрични автомобили во Кина, бидејќи локалната конкуренција е премногу силна.

„Сите ние се грижиме за водата, квалитетот на воздухот и за почиста животна средина, но тоа не значи отпуштање на милиони работници и затворање на илјадници фирми. Идеолошкиот фундаментализам на струјата е самоубиство и подарок за Кина“ рече Салвини.

Фото: facebook