Задолжителна регистрација на дронови во САД

59

drone-djiАмериканската федерална администрација за авијација (ФАА) на својата официјална веб страна објави дека дроновите коишто се во приватна сопственост ќе мора да се регистрираат најдоцна до 19 февруари, пишува usnews.

Регистрацијата започнува од 21 декември, а ќе биде бесплатна до 20 јануари. По истекот на тој период истата ќе се наплатува по пет долари. Регистрирањето ќе биде задолжително за сите дронови играчки, коишто тежат помеѓу 250 грама и 25 килограми.

Сопствениците на дроновите ќе треба да го дадат своето име, адресата на живеење и својот имејл, а потоа да прикачат регистрациска ознака на своето летало или да регистрираат сериски број во ФАА. За дроновите што се користат во деловни цели важат други правила, истите не смеат да се користат доколку компанијата не добие специјално одобрување од ФАА.

Оние сопственици  што купиле дронови пред 21 декември ќе мора да набават тригодишен сертификат, којшто задолжително ќе треба да го носат со себе или да го обезбедат во електронска форма кога ќе оперираат со својот дрон.

Освен тоа, дронот мора да биде во видното поле на сопственикот додека тој/таа ракува со него, машината не смее да лета повисоко од 122 метри или близу јавни места и мора да биде оддалечен од аеродроми минимум осум километри. Доколку сопственикот не го регистрира својот дрон, ќе плати казна од 27.500 долари, а во случај на незаконско оперирање со леталото, казната е 250.000 долари.