Загина Даглас Томпкинс, основачот на North Face

24

93086115-billionaire-douglas-tompkins-poses-in-his-property-in.jpg.CROP.promo-mediumlargeДаглас Томпкинс, американски бизнисмен и основач на брендот за спортска облека и опрема North Face, загина при возење со кајак во Чиле, јавува Reuters.

Седумдесет и две годишниот Томпкинс, заедно со уште петмина бил на кајакарење на езерото Генерал Карера во Патагонија, кога неговиот кајак се превртел и бизнисменот паднал во ледените води, се вели во изјавата на локалните здравствени работници.

Томпкинс бил примен во болница со хипотермија и по неколку часа бил прогласен за мртов. Неговата телесна температура изнесувала само 19 степени целзиусови. Останатите од екипата поминале без повреди.

326K1YIBJorVc0

Компанијата North Face, сега дел од корпорацијата VF е основана во 60-тите години на минатиот век како мала продавница за скијачка опрема во Сан Франциско.

Денес брендот произведува облека и специјална опрема за планинарење и останати други спортски активности на отворено.

Томпсон беше и ко-основач на компанијата за производство на облека Esprit, заедно со неговата поранешна жена.

Освен бизнисот, тој беше поборник за здрава животна средина и активист, а беше и член на еколошкото друштво Патагонија без брани (Patagonia Without Dams).