Загреб можеби ќе добие музеј на медиуми

29

zagreb 08052008 ilustracija dnevni tisak u hrvatskoj foto sinisa sunara

Загреб би можел да добие музеј на медиуми кој би служел за медиумско описменување на сите граѓани, би бил место каде ќе можат да се запознаат со историјата на хрватските медиуми, печатени и електронски, радио и телевизија и со новите медиуми кои служат за јавна комуникација.

“Хрватското радио слави 90 години, а телевизијата 60 години. Тоа е огромно богатство подложно на брзи промени и треба да се зачува затоа што е историско и култирно наследство на Хрватска”, вели професорката Нада Зграбљиќ Ротар од Одделот за комуникологија која воедно е иницијатор за отворање на ваков музеј. На оваа идеја ја поттикнало тоа што студентите немале можност да ги видат Feral tribune ниту Вјесник, а особено не старите технологии што порано се користеле во новинарството, пишува Т-Портал.

Музејот би бил од интерактивен тип и во него би можеле да се слушнат гласовите на легендарните хрватски спикери и новинари, а посетителите би можеле да погледнат или да преслушаат архивски снимки. Во музејот би биле изложени стари радио и ТВ апарати, весници што повеќе не се печатат, како и најстарите изданија што излегувале на германски јазик.