Секоја година во градовите ширум светот доаѓаат голем број нови студенти – бруцоши, кои тешко се снаоѓаат во новото опкружување. За да го решат овој проблем, тројца студенти од Техничкиот факултет во Загреб направија апликација која ќе им помогне на новодојдените, првите денови и месеци да им поминат со помалку стрес, пишува Пословни дневник.
Erasmus Locator содржи податоци за локации и работи што им се потребни на новите студенти, класифицирани по категории. Ова засега е само развоен проект кој се уште не е во употреба. Податоците се врзани само за Загреб, но откако апликацијата ќе се стави на пазарот, ќе се генерираат и други податоци, најпрво од цела Хрватска, а потоа и од земјите од Европска унија и пошироко. Апликацијата ќе може да функционира на повеќе јазици. Развиена е за андроид платформа, но во следниот период е планирано да се адаптира и за iOS и Windows.