Замрзнат имотот на Фолксваген во Русија

72

Рускиот суд го замрзна целиот имот на Фолксваген во Русија, покажуваат судските документи во кои имал увид Ројтерс.

Фолксваген беше еден од низата странски производители на автомобили кои ја прекинаа работата во Русија откако западните земји воведоа санкции кон Москва поради конфликтот во Украина.

Рускиот производител на автомобили ГАЗ, кој склучи договор за производство на возила Фолксваген во својата фабрика во Нижни Новгород, го тужеше германскиот производител на автомобили за прекршување на договорот откако Фолксваген го раскина во август.

Фото: Facebook