Започна саемот за роботика – РобоМАК 2013

58

cacheРобоМАК 2013, проект на три организации на техничкиот кампус на УКИМ (ЕЕСТЕК ЛК Скопје, ИЕЕЕ секција Македонија – Студентски огранок и Студентски Парламент на ФЕИТ) од денес до 16 март ќе се одржи во Скопје.

На саемот кој се одржува по четврти пат учество ќе земат 80 домашни и околу 30 странски учесници.

На денешното отворањето на Меѓународната работилница за роботика и автоматика РобоМАК 2013 се обрати министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

“Со растот на светската информатичка технологија и се поголемиот интерес од интернет комуникацијата, расте и побарувачката на пазарот за оваа област. Во последните неколку години потребата од инженери по информатика и електротехника е се поголем, а тоа навестува новата ера на електронското општење и комуникација”, рече Ивановски, посочувајќи дека заклучно со минатата регистрирани се 1,1 милион роботи во индустријата ширум светот.

Тој додаде и дека Македонија го следи трендот на развој на информатичката технологија и останува посветена на развојот на информатичко-комуникациското општество.

Претседателот на скопскиот комитет на Европската студентска организација за електроинженери Андреј Николов информира дека ќе се натпреваруваат учесници од Грција, Турција, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Полска, Германија, Бразил, Црна Гора… во категориите Роботска рака, Пуволи, Хуманид, Сумо и Лавиринт/трка.

На саемот ќе учестуваат мешани тимови, повеќето составени од по двајца учесници од странство и тројца од Македонија.