Започнува котирањето на акциите на 26 нови компании

82

berza3

На Официјалниот пазар на Берзата од денес ќе бидат котирани акциите издадени од следните 26 друштва: Бим АД Свети Николе, Трготекстил Малопродажба АД Скопје, Неметали Огражден АД Струмица,Трикотажа Пелистер АД Битола, Оранжерии Хамзали АД Струмица, Раде Кончар Апаратна Техника АД Скопје, Триглав Осигурување АД Скопје,Трудбеник АД Охрид, Вабтек МЗТ АД Скопје, Патнички Сообраќај – Транскоп АД Битола, Кланица со ладилник Струмица, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Ангропромет Тиквешанка Кавадарци,Трансбалкан Гевгелија, БлагојЈ Ѓорев АД Велес, Фабрика Карпош Скопје, Ветекс АД Велес, Нова Стоковна Куќа АД Струмица, Единство АД Струмица, Централна Кооперативна Банка АД Скопје, ГТЦ АД Скопје, Кјуби Македонија АД Скопје, Мермерен Комбинат АД Прилеп, Факом АД Скопје, Оилко КДА Скопје и Агромеханика АД Скопје.

Оваа следува согласно донесените одлуки за прием на котација од страна на Одборот на директори на Берзата и договорите за котација кои беа потпишани помеѓу Берзата и издавачите.