Запомнете ги овие работи и ќе бидете спремни за секое интервју

23

intervju-pixabay

Фото: Pixabay

На интервјуата за работа не е најважно само да одговарате на прашања. Еве на што треба да се концентрирате.

Потрошете малку време за да се подготвите за интервјуто и за начинот на кој ќе се претставите за да избегнете евентуални непријатни ситуации.

Дознајте нешто повеќе за компанијата. Искористете ги социјалните мрежи и доколку можете разгледајте ги профилите на оние кои ќе ве испитуваат.

Бидете свесни за своите предности и слабости. Издвојте неколку свои јаки страни и во даден пример објаснете како сте дошле до тие достигнувања. Истото направете го и со мааните, но само за да докажете дека сте надминале некои грешки.

Запишете ги и своите достигнувања од претходните работни места и бидете подготвени детално да објасните што сте работеле во последните години.

На почетокот на разговорот расчистете ги сите прашања околу работата, како, кои се предизвиците и што вие би треабало да направите за нештата да се подобрат. Со ова ќе докажете дека сте спремни да ризикувате.

Поставувајте паметни прашања. На пример, што е најголем проблем во работењето на компанијата и доколку можете, дадете пример како вие сте решиле сличен проблем или посочете можно решение.

Покажете дека не сте преквалификувани. Без разлика на вашата спремност и компетенција, на работодавачот му е важна вашата мотивација за работа.

Прашајте кои се следните чекори. На крајот на разговорот изјаснете се дека сте заинтересирани, но сакате да знаете што е следно. Поткрепете го интересот со најдобрите можни примери на кои ќе се сетите.

Неутрализирајте ги сите негативности и не плашете се од евентуалните проблеми.