Запрашајте се пред да започнете бизнис…

31

naocari

Фото: Pixabay

Неколку битни прашања кои секој претприемач треба да си ги постави пред да се реши да започне сопствен бизнис.

Дали ваков тип на бизнис ќе биде во согласност со мојот животен стил?

Работиме за да живееме, не живееме за да работиме. Сите сакаме на крајот на денот да можеме да се одмориме, да отпатуваме кога работата ќе биде завршена.

Дали за производот/услугата што ќе го/ја продавам ќе има побарувачка на пазарот?

Да се создаде реална побарувачка на пазарот за одреден производ/услуга е тежок, бавен и скап процес.

Дали ќе има производот/услугата додадена вредност која ќе го/ја направи уникатен/на на пазарот?

Бизнисот нема да биде бизнис, ако нема одредена конкурентска предност.

Ќе можам ли да го продадам бизнисот?

Многу е важно дали бизнисот ќе биде примамлив за купување. Доколку успешно го продадете и излезете од него кога ќе бидете подготвени, тоа ќе биде една голема “победа” за вас.

Ќе може ли да се автоматизира поголемиот дел од работењето во бизнисот?

Искористување на предностите на автоматизацијата значи намалување на прекумерната контрола врз работењето на бизнисот.

Постои ли јасно дефиниран начин, да го/ја рекламирам и продадам производот/услугата преку веќе постоечките канали?

Искористувањето на веќе постоечките продажни канали е најбрзиот и најлесниот начин да се стартува бизнисот со профит.

Ќе можам ли да ги искористам онлајн маркетингот и социјалните медиуми за раст на бизнисот?

Тие се двете најмоќни модерни алатки за градење на бизнис – затоа треба да се искористат максимално.

Дали бизнисот ќе има најмалку 50% бруто заработувачка или барем 20% нето заработувачка?

Сепак, бизнисот го започнуваме за да заработиме пари.

Ќе успеам ли лесно да најдам некој што ќе може да го води бизнисот наместо мене?

Ќе дојде време кога ќе сакате други да го водат бизнисот, па затоа е битно контролата врз истиот да може да биде предадена на друга личност.

Дали бизнисот истовремено ќе ми биде и задоволство?

Профитот не е доволен. Доколку не го сакате тоа што го работите, нема да одите напред, ниту да уживате во заработеното.

Дали ќе сакам да го работам истото и по 10 години?

Факт е дека повеќето бизниси не растат така брзо и не остваруваат профит како што ние би сакале. Дали ако сме во истиот бизнис и по 10 години, работата ќе ни биде задовоство, е прашање за кое навистина треба да се размисли.