Заразени работници, а Amazon не ги затвора центрите

87

Компанијата Amazon потврди два нови случаи на заразени со коронавирус во своите објекти во САД, во Мичиген и Оклахома. Меѓутоа, Amazon нема да ги затвори своите центри во кои дошло до инфекции бидејќи се соочува со зголемена побарувачка на стока, пишува Financial Times.

Еден работник од центарот за сортирање во Мичиген последен пат бил на работното место на 16 март, а сега е во карантин и медицински се третира, потврди Amazon, откако FT го контактирал.

Од компанијата Аmazon велат дека им кажале на “мал број“ на вработените кои биле во близок контакт со тој работник да останат дома 14 дена и дека ќе бидат платени за тоа време. Според некои проценки, центарот за сортирање има околу 300 вработени.

Фото: Facebook