Завршува двегодишниот експеримент со основниот доход во Финска

38

Фото: Pixabay

Наместо да го прошири, финската влада планира да го заврши својот експеримент со основниот приход којшто без никакви обврски им го доделуваше на одредена категорија граѓани, објави Nordic.business insider.

Станува збор за двегодишен проект во којшто по случаен избор беа вклучени невработени граѓани на возраст од 25 до 58 години кои добиваа по 560 евра како основен приход. Тие всушноcт, требаа да ги искористат парите за покривање на животните потреби, притоа во меѓувреме да најдат потенцијално место за вработување.

Бидејќи во меѓувреме во проектот не се вклучија дополнителен број невработени лица, како што било првично планирано, истражувањето не може да даде точни ефекти и резултати, велат одговорните за неговото спроведување.

Додека експериментот сé уште привлекува внимание на меѓународно ниво, Финците донесоа одлука да не го прошируваат проектот и моментално разгледуваат алтернативни решенија за социјална заштита.