Здраво за готово

28

kutii

Фото: Pixabay

Цело време нè учат дека треба да ги почитуваме другите, да бидеме внимателни и да им помагаме. Но многу пати се случува таа добрина да биде злоупотребена или искористена против вас. И така, ден за ден, месец за месец и веќе ве земаат „здраво за готово“ дека и мора да им помогнете. Но тоа тука не застанува, туку само се шири и на други работи, па секоја ваша иницијатива или идеја е исто така сфатена.

Еве, колку пати ви се случило која било ваша идеја или иницијатива да биде земена „здраво за готово?”

Тоа е така, додека не се прелие чашата и додека вашето незадоволство не добие поголеми размери. Но да знаете, чекањето да ескалира ситуацијата, не е добро за никого, а најмалку за вас. Не за друго, земањето „здраво за готово“ влијае врз:

  • Самодовербата и иницијативноста.
  • Мотивацијата и желбата за напредок.
  • Несогласување со околината и изолација…

Ама едно да знаете, не е крива околината што сè што е поврзано со вас е сфатено „здраво за готово”. Кривицата е најмногу кај вас, затоа што сте дозволиле да се доведете до таква ситуација. Затоа:

  • Размислете добро пред да преземете одговорност – преминете од човек кој на сè кажува ДА, во човек кој пред да каже ДА, убаво ќе размисли. Немојте да станете човек од кој сите ќе очекуваат дека ќе го направи тоа, дека ќе преземете одговорност за несработеното на другите и станете помалку на располагање на другите. Размислете убаво!
  • Доста кажувате, почнете да покажувате – доведени сте до таа ситуација само затоа што повеќе се фалите дека нешто можете да направите отколку што навистина сте направиле. Ај размислите, ќе видите дека е така. Прекинете со фалењето за самите себе и дозволите делата да ве фалат, не зборовите!
  • Кои се вашите вредности – тешко е самите да си ги одредите, но поставете си прашања:
    • Што е она што ве мотивира да одите на работа, дружба…?
    • Што е она што ве одвојува од другите?
    • Што е она што ве прави уникатни?
  • Бидете горди на својата работа и на сработеното – во ситуација кога довербата во сами себе ви е намалена, нормално е да имате момент на сомнеж на самите себе си и на сработеното. Не дозволувајте тоа да преовладува, ако сте сигурни во квалитетот на сработеното.
  • Почнете да се конфротирате – избегнување на конфликти и конфротации со други луѓе или ситуации е веќе секојдневие. Тоа неминовно доведува до згаснувањена на вашите потреби и чувства, што само по себе знае да биде проблеми. Борбата за своите „права” не значи неминовно доведување во конфликтна ситуација. Бидете смирени и покажете дека се грижите за вашите чувства и потреби.

Можеби во почетокот нема да сфатите дека сте во таква ситуација, но луѓето ве земаат „здраво за готово”. Време е да направите некакви промени, а промените не се лесни.

Со успех во промените.

Ако имате прашање за Калин Бабушку, можете да го поставите на Бизнис советник.