Здружението за заштита на животни PETA купи акции од Louis Vuitton

17

luis

Здружението за заштита на животни PETA купи акции во компанијата Louis Vuitton Moet Hennessey (LVMH), со цел да зголеми притисокот врз францускиот производител на луксузни производи да престане да продава чанти и други производи од кожа на егзотични животни, пишува BBC.

Уделот во француската компанија ќе ѝ овозможи на PETА (People for the ethical treatment of animals) право на учество на состаноците на акционерите, каде што ќе може да поставуваат прашања на членовите на управата пред другите акционери. Од здружението не објавија колкав број на акции имаат купено.

LVMH е најголема компанија во секторот за производство на луксузни производи, по Louis Vuitton чантите, коњакот Hennessy и модните куќи Fendi и Marc Jacobs. Компанијата, исто така, се занимава и со продажба на парфеми, козметика, часовници и накит.