Земја од соседството “магнет“ за странски директни инвестиции од 1,5 милијарди евра

88

Во првото полугодие од оваа година, нето приливите од странски директни инвестиции (СДИ) во Србија достигна ниво од 1,5 милијарди евра, што е 6,7% од вредноста на бруто домашниот производ (БДП) на земјата, пренесуваат српските медиуми.

Во надворешнотрговската размена на услуги остварен е суфицит од 500 милиони евра, што е една третина повеќе во однос на истиот период лани. Најголем придонес за овој раст, како што се наведува, имаат ИКТ услугите, но и помалиот пад на извозот на туристички услуги во однос на увезените.

Личните трансфери од странство се намалени за 22,5% во однос на првите шест месеци од минатата година.

Дефицитот на тековната сметка на платниот биланс бил 1,3 милијарди евра, што е за 166,2 милиони помалку во однос на истиот период во 2019 година. дефицитот на стоки и услуги е 2,1 милијарда евра и е скоро непроменет во споредба со истиот период лани.

Фото: Pexels