
Земјите од Европската Унија (ЕУ) инвестирале, според проценката на Евростат, околу 76 милијарди евра средства потребни за обезбедување услуги за заштита на животната средина во текот на 2024 година, беше објавено денес на веб-страницата на Евростат.
Се наведува дека овие услуги вклучуваат постројки за третман на отпадни води, возила за транспорт на отпад, купување земјиште за создавање природни резервати и опрема за почисто производство.
Исто така, Евростат наведува дека компаниите потрошиле речиси 47 милијарди евра или повеќе од 61 процент од вкупните инвестиции во заштитата на животната средина за стекнување технологии и опрема за намалување на влијанието на нивните производствени процеси врз животната средина.
Фото: Pixabay