Земјите од ЕУ минатата година инвестирале 5,3 отсто повеќе во истражување и развој

Вкупните издвоени средства од државниот буџет за истражување и развој во целата Европска унија во 2023 година изнесуваат 123.684 милиони евра или 0,73 отсто од БДП, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.

Ова е зголемување од 5,3 отсто во однос на 2022 година или 54,8 отсто во однос на 2013 година.

Во 2023 година средствата од државниот буџет наменети за истражување и развој на ниво на ЕУ изнесуваат 275,6 евра по лице, што е зголемување за 53,3 отсто во однос на десет години претходно.

Најмногу одвоени средства има во Луксембург, 646,6 евра по лице, потоа Данска со 552,4 и Германија со 529,3 евра. Според овие податоци, Хрватска е под просекот на ЕУ со издвојувања под 200 евра.

Од друга страна, земјите од ЕУ со најниски доделени буџетски ресурси за истражување и развој по лице се Романија со само 21,2 евра по лице, Бугарија со 33,1 и Унгарија со 48,1 евра.

Најголем дел од средствата од државниот буџет за 2023 година, односно 35,5 отсто, беа наменети за општо подобрување на знаењето, кое првенствено беше финансирано од јавни колективни грантови познати како јавни општи универзитетски фондови.

Дополнително, 17,3 отсто биле посветени на општото унапредување на знаењето од други извори, потоа 11 отсто за индустриското производство и технологија, 6,9 отсто за здравството и шест отсто за истражување и експлоатација на вселената.