Земјоделците на нозе – Од Полска до Шпанија протести поради кризата која го зафати целиот свет

177

Од Полска до Шпанија, земјоделците го изразуваат своето незадоволство.  Протестите на земјоделските производители стануваат сè почести и интензивни низ Европа. Овој сектор беше првиот на удар од кризата која го зафати целиот свет, како и од ограничувањата поврзани со „Зелениот договор“ на Европската унија.

Пореметувањата што ги мачат земјоделците се различни. Најголеми проблеми се ниските откупни цени, високите цени на производствените трошоци, пред се вештачките ѓубрива и горивата. Сè поголем дел од населението ги поддржува земјоделците.

Во април полските фармери предводени од Агрoунија, националната организација на земјоделците, протестираа пред зградата на полското Министерство кога донесоа повеќе од еден тон јаболка. Тие укажаа на проблемот со откуп на овој вид овошје, поради што многумина отидоа во стечај или ги оставија своите имоти.

Во организација на Агроунија неодамна се истури жито пред канцеларијата на Јацек Сашин, вицепремиер. Преголемото количество украинско жито кое стигна на полскиот пазар предизвика вештачка криза.

На 7 јули во Варшава се одржа голем протест на земјоделците, на кој беше изразено незадоволство од политиката која не ги поддржува селските производители и не се бори против инфлацијата, туку наметнува се поголеми маржи и ги девалвира домашните земјоделски производи.

Житариците во Полска имаат најниска цена во цела Европска унија, а жито од новата реколта никој нема да купува. Земјоделците немаат можност да го продаваат својот род и нема да имаат финансиски средства за следната сеидба.

Сè потешко е да се биде земјоделец во Шпанија

Земјоделците повторно ги блокираа патиштата, најмногу во регионот на Андалузија. Протестите се насочени против високите цени на горивата и основните прехранбени производи. Во март протестираа 150.000 земјоделци од цела Шпанија.

Веќе во јуни инфлацијата беше над десет проценти. Земјоделците од Андалузија протестираат главно поради инфлацијата и енормното зголемување на цените на енергијата и храната. Тие беа облечени во жолти елеци и излегоа на автопатите со своите трактори.

Холандија на нозе

Властите се обидуваат да ги задржат и запрат протестите кои ја потресуваат Холандија во последните неколку дена. Низа закони се обидуваат да ја регулираат емисијата на азотни материи и амонијак. Тоа значи намалување на бројот на добиток на фармите, но голем број сточари, особено во близина на природните резервати, би морале целосно да престанат да се занимаваат со земјоделско производство. Владата подготви пари за откуп, но земјоделците не се откажуваат од борбата за своите имоти.

Протестите од ден на ден се сè поинтензивни. Сточарите почнаа да го изразуваат своето незадоволство со заклучување крави во амбари, протестирајќи против дозволите за пасишта. Продолжи со блокирање на автопатите, а потоа и на дистрибутивните центри.