Зголемен бројот на дипломирани студенти во 2019 година

49
Couple students sitting and reading a book.

Бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во Македонија, во 2019 година во споредба со 2018 година, е зголемен за 2,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 85,5% се редовни, а 14,4% се вонредни студенти.

Процентот на дипломирани студентки изнесува 57,7%. Од вкупниот број студенти, 36,4% дипломирале во рокот, додека 63,5% дипломирале по рокот.

Фото: Freepik