Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

65

Во април годинава во споредба со април 2022, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 14. 7 %, а реално за 0.5 %), соопшти Државниот завод за статистика. Во групата Трговија на мало, освен трговија со горива, прометот номинално е зголемен за 9. 6 %, а реално бележи пад за1. 5 %.

Во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, има номинален раст за 4. 4 %, а реално пад за3. 5 %.

Опаѓање и на реалната и на номиналната стапка е забележано само во групата Трговија на мало со автомобилскигорива (номинално за 16. 5 %, а реално за 15. 0 %).